Убавина

Маска за лице од јајце

Кожата во зима станува сува и затоа и треба поголема нега. Освен секојдневната нега која ја правите, чистење и ставање на крема за лице, не е на одмет понекогаш да ја почестите кожата со маска.

Токму за овој преиод од годината идеална е маската од јајце. Поточно од белката. Скршете едно јајце и оделете ја белката од жолчката. Ви треба само белката. Нанесете ја на лицето, а може и на рацете. Оставете нека отстои 15 минути. Потоа измијте се со млака вода. Вашата кожа ќе добие влажност, она што најмногу и недостига во овие денови.

Напиши коментар