Убавина

Маслиново масло како средство за нега на кожата

Уште од пред многу години се познати бројните лековити својства на маслиновото масло. Ништо помалку значајни не се ни ефектите на ова масло за убавината. Освен тоа што е здраво да го користите во кујната додека го подготвувате јадењето, исто така е здраво да го нанесте и на телото.

Маслиновото масло содржи голема количина на витамин А и Е, полифеноли, антиоксиданси кои ја штитат кожата од стареење, а исто така помагаат при ублажување на веќе појавените брчки.

Средство за чистење на шминка

Маслиновото масло слободно може да го користете како средство за отстранување на шминката. Со две три капки на памук вие ќе ја отстраните и водоотпорната шминка, а при тоа нема да се иритираат кожата ниту пак очите.

Испукани пети

Сувите пети не се воопшто привлечни. Ниту пак допирот со испукани пети. За да ја омекнете кожата на петите после топлата купка нанесете маслиново масло. Убаво измасирајте ги стапалата. По тоа е најдобро е да облечете чорапи. Така маслото ќе се задржи подолго на кожата, а и нема да измастите секаде каде што ќе згазнете.

Суви раце и кршливи нокти

Во зима кожата на рацете е директно изложена на студ, па затоа е сува и пука, а тоа не е пријатно чувство. Затоа капнете неколку капки маслиново масло и истријте ги рацете. Оставете нека делува 15-на минути, а потоа измијте се со топла вода. Доколку пак имате проблем со кршливи нокти пробајте го ова: во исцеден сок од лимон капнете неколку капки маслиново масло. Натопете ги памукчињата во течноста и завиткајте ги ноктите. Оставете нека делува 20 минути.

За сува кожа на лактите

За да ја омекнете сувата кожа на лактите најдобро е прво да ги истриете лактите со полвинки лимон, а потоа да нанесете маслиново масло.

За нега на деколтето

Во една изматена жолчка исцедете лимон и ставете малку маслиново масло. Ставете ја смесата на деколтето и покријте се со некоја кеса, за да не ви капе од смесата. Оставете нека делува 20 мин. На овој начин ќе ја спречите појавата на брчки во пределот на вратот и деколтето.

Напиши коментар