← НАЗАД НА БОЗА

Маврициус – вилканскиот рај

Маврициус – вилканскиот рај
1718 Читања

Доколку постои неоткриено богатство на Земјината топка, тогаш светските патници велат дека може да се пронајде на еден мал остров што има вулканско потекло и се наоѓа во Индискиот Океан.

За Маврициус велат дека претставува вистински рај на земјата. Секој што може да си дозволи да замине на ова место многумина велат дека нема да зажали.

Постојат многу нешта што ги нуди овој остров во кои луѓето може да уживаат. Тука во преден план е природната убавина, бидејќи е вгнезден во водите на Индискиот Океан.

Географски се наоѓа на точно 855 километри источно од Мадагаскар и на 2.000 километри оддалеченост од источното крајбрежје на Африка.

Историски, Маврициус го откриле Португалците во далечната 1505 година, а она што е мошне интересно кога ќе се погледне островот во целина е коралниот гребен, кој се простира во облик на ѓердан и кој некогаш ги штител жителите од големите бранови на океанот и ајкулите. Затоа на Маврициус пливањето во лагуните е сосема безбедно, за разлика од повеќето останати океански острови.

Главно обележје на островот некогаш и денес е птицата “Додо”, која претставува потомок на неколку вида гулаби и која со текот на времето станала заштитена птица, зашто постепено почнала да изчезнува поради лошите услови за преживување.Бидејќи тежела и до 25 килограми, птицата била одличен извор на храна за Португалците, кои уживале во вкусното месо и изобилството на кое наишле. Па набрзо настанало вистинско истребување на птиците и, според верувањата на жителите на Маврициус, последниот примерок на додо бил убиен во 1681 година, но локалното население сакало да го заштити своето обележје, со што денес птицата се наоѓа како симбол на грбот на Република Маврициус.

Главен и најголем град е Порт Луис, кој се наоѓа на западната страна на островот. Други поголеми градови се Кјурпајн, Роуз Хил, Катр Боне и Вакоа.

Најпознатите туристички дестинации се наоѓаат на северозападната и северната страна на островот, а меѓу нив како најатрактивна се истакнува областа Гранд Беј, која изобилува со голем број ексклузивни хотели.

На островот, инаку, живеат 1,2 милиона жители кои си се обраќаат меѓусебно на двата официјални јазика, а тоа се англискиот и францускиот јазик. Многу често жителите зборуваат и на оригиналниот креолски јазик, кој е типичен за Маврициус, меѓутоа нивната гостопримливост никогаш нема да ги доведе во незгодна ситуација туристите кои одлучиле времето да го поминат со нив.

Климата на островот е тропска, што подразбира дека во зимскиот период времето е топло и суво, додека во летните месеци се појавува влажност и значително зголемување на дневната температура.

На овој остров чести посетители се политичари, личности од областа на уметноста, како и голем број припадници на холивудскиот џет-сет.

Со цел да се искористат сите природни богатства со кои располага ова место, луксузните хотели се наоѓаат веднаш до крајбрежјето на кое се простираат убави и долги песочни плажи, како и голф и тенис – игралишта кои се дополнети со базени, коктел-барови и ресторани, во кои може да се најде избор на сите светски кујни.

Во поглед на алкохолните пијалаци, Маврициус може да се пофали со квалитетно пиво и рум.

Населението е претежно од различните делови на Европа, а многумина од нив живеат и работат на висока нога.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk