Здраво тело

Мажи ако сакате дете заборавете на алкохол и чипс!

Мажите кои сакаат да станат родители треба посериозно да размислат на внесувањето на здрава храна.

Најновото истражување докажа дека храната богата со трансмасти го уништува квалитетот на спермата.

Во студијата учествувале мажи на возраст помеѓу 18 и 22 години, и откриено е дека мажите кои често јадат брза храна, пијат алкохол и јадат чипсови, со еден збор не се хранат здраво имаат поголем ризик од неплодност.

Пред да биде направено истражувањето на истите мажи им било дадено задолжение да се хранат здраво. Било направено испитување на квалитетот на спремата, а потоа имале обврска да јадат нездрава храна. Резултатите докажале дека исхраната има големо значење за квалитетот на спермата.

Напиши коментар