Sweet Home

Мебел од гранки

Природата е вечна инспирација на дизајнерите. Ви прикажуваме неколку идеи како да ја употребите и вие, а примерите може да послужат и како инспирација за ваш уникатен дизајн.

 

Грубото дрво во комбинација со лакиран метал, стакло или ткаенини може совршено да се вклопи во амбиентот. Ако ја сакате природата и чувствувате силна поврзаност со неа, може да изработите слично парче на мебел – сè што ви е потребно се исушени гранки, жица, лак и клинци.

 

Дури и гранка закачена на ѕидот може да делува совршено. Исчистете ја, излакирајте ја или обојте ја во боја по ваш избор и употребувајте ја како закачалка или како полица за книги.

 

Напиши коментар