Art & Crafts

Мед и кафеав шеќер како пилинг за чистење

Поштедете ја вашата кожа од мозолчиња со користење на природен третман за чистење на лицето. Медот служи како антибактериски елемент и има моќ да ја  елиминира нечистотијата и слободните радикали од длабочината на порите.

Од  друга страна, кафеавиот  шеќер е идеален ексфолијант кој помага  да се отстранат  мртвите  клетки од површината на вашата кожа. Во сад со средна големина  се мешаат три лажици  кафеав шеќер со иста количина на мед. Нанесете ја маската на лицето и оставете ја да отстои 10-15 минути.

Завршете го чистењето на порите со миење на маската со млака вода.

Напиши коментар