ШоуБиз

Мел Гибсон заработил дупло од изречената казна!

Актерот Мел Гибсон ја воодушевил судијката Стефани Саутнер која го пофалила неговиот труд да дословно ја отслужи казната и да се промени.

Имено, актерот сработил двојно повеќе општествено корисна работа од тоа што му било изречено во пресудата, потоа учествувал на сите советувања во текот на годината, а одлично му оди и борбата со алкохолот.

Мел Гибсон одел и на курс за контолирање на бесот и советување за семејно насилство. Неговата поранешна девојка и мајка на една од неговите ќерки Оксана Григоријева го тужеше Гибсон за семејно насилство.

Гибсон, со цел да ги поправи своите грешки, учествувал во планирањето на неврохируршката мисија во Гватемала и посетувал деца во болниците.

Write A Comment