Мел Гибсон е виден во Беверли Хилс како се бакнува со некоја непозната убавица која неверојатно потсетува на Оксана. А, само пред неколку дена е виден на вечера во ресторанот „Moodshadows“ во Малибу со некоја атрактивна и висока плавуша. Веднаш по вечерата заедно си отишле со автомобилот на Гибсон.
Бринетата, пак, ја извел на вечера во хотелот „L’Ermitage“, а кога излегле надвор ја прегрнал и ја бакнал. Изгледале доста блиски, но медиумите шпекулираат дека Мел моментално излегува со повеќе жени истовремено.
Иако Гибсон го бие лош глас поради агресивните испади и малтертирањето на поранешната вереница, по сè изгледа тоа воопшто не им пречи на некои жени и тие се секогаш спремни да излезат со познатиот актер.
