ШоуБиз

Милион фунти за Тамара Еклстон!

Ќерката на сопственикот на Формула 1, убавата Тамара Еклстон позираше гола, но прекриена со пари за познатиот американски фотограф Тајлер Шилдс.

Фотосесијата се случува во нејзината куќа во Лондон. Тамара лежи гола на кревет, а на неа и околу неа има банкноти во вредност од 1 милион фунти. Сето ова е во прилог на преставувањето на една изложба во Модерната галерија во Лондон.

–   Кога ме побара агентот на Тајлер, бев многу возбудена. Сепак, бев максимално опуштена на сликањаето бидејќи знам дека Тајлер е вистински професионалец, – изјави Тамара за британските медиуми.

Освен што оваа богаташка има привилегија да лежи на пари, таа сепак, моментално има и мали несогласувања со татко си.

Напиши коментар