За фешн манијаците милитари стилот веќе години наназад е модерен стил на облекување. Карактерен белег за милитари стилот се гардеробата и аксесоарите стилизирани во знакот на воена униформа. Од боите преовладуваат каки, темно зелено и темно кафејаво. Блесок и величенственост се додава со помош на златни и сребрени копчиња, декоративни ордени и медали. Женските палта се со форма на шинел со прави линии и строга силуета, со дворедно закопчување и масивен колан.
Стилот милитари им овозможува на жените да бидат различни и индивидуални.









