Убавина

Минерали за здрава кожа

Бидејќи вашата кожа ја заслужува најдобрата нега, козметиката на база на минерали може да биде ваш вистински избор. Благородните својства кои ги поседуваат минералите се неоспорни, а тоа го знаеле уште древните Грци и Римјани кои се релаксирале во бањи со природна вода богата со минерали.

Освен што ќе се одлучите за козметика која во својот состав содржи минерали, во секојдневната нега на лицето може да ја искористите минералната вода.

Најважните минерали за една жена

Калциумот, калиумот и магнезиумот кои се дел од нејзиниот состав се неопходни за правилно функционирање на организмот, но и состојки од кој зависи здравиот и сјаен изглед на кожата. Затоа без размислување посегнете по минералната вода од фрижидерот и вклучете ја во вашата секојдневна нега на лицето или додадете во купката за капење.

Минералната вода може да ја користите за миење на лицето наместо обичната вода, а исто така и како лосион за тонирање на кожата.

Неопходно е водата да биде свежа и треба да внимавате на концентрацијата на минерали во нејзиниот состав.

Повисоката концентрација на соли во нејзиниот состав значи дека водата е високо минерална.

За масна и комбинирана кожа подобро е да изберете високо минерална вода. Високата концентрација на минерали го намалува сјајот на Т-зоната. Исто така добра е за затворање на порите.

За нормална и сува кожа подобро искористете слабо минерална вода која ја тонизира и омекнува кожата.

Внимавајте на датата до кога е употреблива минералната вода. Доколку е во стаклено шише може да се употребува до две години, а во пластично околу година и половина.

Напиши коментар