Нејзиното лице и нејзиното тело се едни од најпрепознатливите во цел свет и тоа благодарение на модните писти и долна облека на „Victoria’s Secret“.
Сепак, не верувам дека претходно сте ја виделе Миранда Кер во вакво издание, потполно гола. Црно-белите фотографии, кои се дело на Вили Вандерпер, се направени во Париз за потребите на списанието „Industrie“.

Кој би помислил дека овој австралијански модел е мајка на 11-месечно бебе? Најверојатно никој, па ни Орландо Блум. 🙂
Миранда инсистира дека телото е прекрасна работа, без разлика дали носите долна облека или сте голи. Смета дека луѓето треба да се чувствуваат пријатно во своите тела, дека тоа е природно, дека не е вулгарно да се слика гол.
