Sweet Home

Мириси за смирен дом

Вашиот дом е местото каде го поминувате поголемиот дел од вашето слободно време. Вашата удобност е најбитниот момент кој го нуди домот. Смирената и убавата атмосфера Вие можете да ја подобрите и да ја подигнете на повисок степен со мириси кои смируваат. Без разлика дали се тоа цвеќиња, етерични масла или миризливи стапчиња, одберете ги најпријатните мириси во ароматерапијата.

Лаванда

Влијанието на ова растение е чудотворно, а можете да го користите како етерично масло, свежо или сушено цвеќе како украс. Освен што дејствува за смирување, лавандата ќе го разубави и вашиот дом.

 

Ванила

Колачи од ванила, ванилин шеќер, ванила во парфем, и во слични други форми се користи ова прекрасно растение. Сепак, најчесто во служба на убавиот вкус и привлечниот мирис. Облечете го домот во ванила и целиот ќе биде сладок и заводлив.

 

Камилица

Таа го лечи духот и телото, а го смирува и го разубавува домот. Свеќите од камилица ќе ве вратат во детството, па на празниците ќе гледате со невина и искрена радост.

 

Ѓумбир

Познат по своето влијание за опуштање, тој го намалува психичкиот стрес, кој се собира поради подготовките за празниците. Користете го ѓумбирот и домот ќе ви мириса на мир и среќа.

 

Напиши коментар