Мојата кујна

Мисирка со кока кола и ананас

Овој рецепт бара повеќе труд и време да се подготви, но резултатот ќе биде фантастичен. Го предлагаме за некоја посебна прилика, кога сакате вкусно да ги изненадите вашите најблиски.

СОСТОЈКИ

• 1 мисирка

• 8 кругчиња ананас

• 30-тина каранфилчиња

• 2 ½ шолји кока кола

• 2 суви пиперки, ситно исечкани

• 1/3 шолја мед

ПОДГОТОВКА

Ставете ја мисирката во голем длабок сад и покријте ја со вода. Оставете ја да зоврие, намалете ја температурата и оставете да се вари уште еден час.

Загрејте ја рерната на температура од 180℃. Мисирката ставете ја во тава за печење. Со помош на чепкалки, прицврстете го ананасот на шунката. Попрскајте со каранфличиња. Налејте 2 шолји Кока Кола врз мисирката. Покријте со фолија и печете 1 час.

Во меѓувреме, помешајте ги преостаната Кока Кола, сушените пиперки и медот во тава за пржење. Оставете да зоврие и потоа намалете ја температурата. Гответе со постојано мешање, сѐ додека глазурата не добие сируп текстура (околу 12–15 минути).

Попрскајте ја мисирката со глазурата и потоа печете уште 15–20 минути на температура од 260℃, сѐ додека не стане златно-кафена. Оставете да се излади 20-тина минути пред да сервирате.

Напиши коментар