Многумина сметаат дека љубовта помеѓу Бела Свон и Едвард Кален од култниот серијал Twilight (Самрак), е најубавата љубовна приказна. И како кај секоја љубовна приказна, и Бела и Едвард ја крунисаа својата љубов со брак, и тоа во првиот дел од филмот посветен на четвртата книга.
Венчаницата, која веднаш стана една од најпопуларните модели на венчаници во светот, е дизајнирана од страна на една од најпознатите и најпочитуваните дизајнери во светот, Каролина Херера.
Елегантниот невестински фустан ја следи линијата на телото и суптилно ги нагласува женски облини. Венчаницата е со долги ракави и V деколте и е направена од свила. На задната страна е украсена со деликатна проѕирна чипка со романтични детали,а во средината на задниот дел е обложена со копчиња кои личат на бисери.

Бидејќи се очекуваше оваа венчаница да биде една од најбараните модели во овој период, на продажба веќе може да најдете реплики на венчаницата направени од сатен, кои чинат само 799 долари.




