Здраво тело

Мобилните телефони се виновни за болка во вратот

Болката во вратот се појавува како последица на честите виткања и може да доведе до артритис. Експертите објаснуваат дека зголемувањето на бројот на луѓе со овој проблем е се поголем и причина за тоа се мобилните телефони и компјутери.

Во тешки случаи мускулот на вратот се деформира така што вратот нема да може да се врати во првичната состојба, а последица за тоа се јаки болки и чести главоболки. Освен тоа, можни се болки во рамената и рацете.

Лекарите предупредуваат дека во најголема опасност се децата кои секојдневно ги користат компјутерите и мобилните телефони.

 

Напиши коментар