Практичноста е главна одлика за тренди аксесоарите оваа зима. Пред се тие се наменети да не стоплат. Тогаш нема ништо да не спречи да ги имаме.
Оваа зима плетените големи шалови, плетени капи и ракавици, крзнени наметки и капи се потполно во тренд.


Марамите се исто така задолжителна “опрема” оваа зима. Шарени, големи меки….

Накитот комбинирајте го во секоја прилика. На избор ви се оставени толку многу парчиња кои може да ги искомбинирате за свечени и секојдневни варијанти.



Чантите ќе го заокружат вашиот аутфит. Затоа не штедете на нив. Нека бидат големи, шарени и сјајни. Доколку пак се спремате за некоја свечена пригода тогаш одберете плик ташна. Сребрени, златни, темно лилакови, темно зелени нијанси се ин оваа зима.





