man fashion

Модерни и практични аксесоари за оваа зима!

Кај нас го нема оној прелазен период, есента кога може да облечеме есенска јакна и да уживаме во есенското сонце. Штом ќе заврши летото веднаш треба да размислуваме на зимската облека и аксесоари. Како и секогаш и оваа зима капата, шалот, ракавиците, очилата за сонце и уште по некој аксесоар се неизоставен дел од комплетниот аутфит.

Оваа зима имате голем избор на аксесоари.

Ракавиците неизоставен момент.

Освен тоа што ќе направат да бидете ин, тие навистина ќе ви се најдат на ниските температури. Можете да ги најдете во секакви варијанти. Плетени, крзнени, кожени…

Шалови – практично и топло.

Оваа зима модерниот маж треба да носи шал. Оние кои се најзастапени во колекциите на светските дизајнери се дебелите и широки шалови.

Капи – модата станува се попрактична.

Погледнете какви капи се во тренд и се ќе ви стане јасно.

Чорапи – во некоја од нашите претходни објави ве известивме дека кусите или подвиткани панталони под кои наѕираат шарени чорапи и колоритни чевли се ин. Овој пат ќе ве потсетиме на оваа вест, и нормално ќе ја препорачаме на оние похрабрите.

 

Напиши коментар