Мода

Модерни лежерни дневни фустани! Совети како треба да изгледате на работа!

Дневната облека, посебно онаа која се носи кога идете секојдневно на работа, во некои претпријатија е пропишана со кодекси, но во повеќето од претпријатијата се остава простор за личниот вкус и став спрема модата. Кога сте на работа вашата цел е да бидете професионални, а дел од таа ваша професионалност е и комплетниот изглед.

Стилот, бојата, должината и кројката на фустаните би требало да зборува за вашите способности да ги извршувате вашите обврски, и затоа вашиот професионален изглед треба да биде пред модерното и слаткото.

Пред вас се наоѓаат предлози на модерни фустани за есен – зима 2011/2012, меѓутоа тоа не значи дека предложените модели би се вклопиле во вашата работа. (Во галеријата ќе најдете и кратки фустани кои доколку ги искомбинирате со подебели хулахопки комбинацијата би изгледала многу поприбрано и професионално).

Доколку имате проблем како да се облечете за на работа, професионалците советуваат ваш најпрецизен водич да биде облекувањето на вашата претпоставена. Ако пак имате шеф како претпоставен тогаш одберете ја онаа жена која има највисока позиционираност во претпријатието.

 

Што никогаш не треба да облечете за на работа???

-Се што е премногу секси – проѕирни чипки, прекратки фустани

-Премногу опуштен look (изглед)

-Пренатрупана облека – премногу слоеви, преголема облека, дебели ткаенини…

Пред вас се неколку предлози како да се облечете за на работа, а во исто време да се чувствувате комфорни и убаво скоцкани.

 

Напиши коментар