Осмислени да ви бидат секогаш при рака. За многумина неизоставен дел од мебелот, кој секогаш треба да биде во функција а истовремено дава „шмек“ на просторот.
Денес на пазарот за мебел можете да пронајдете безброј различни наткасни, кои би можеле совршено да се вклопат покрај вашиот кревет или софа. Нивната форма и дизајн се навистина разнолика. За секого по нешто, за сечиј вкус. Многумина кои дизајнираат ентериери на наткасните гледаат како неизбежен детаљ во секој модерен дом.
Погледнете неколку практични и модерни наткасни кои сигурно би можеле да ви го разубават просторот а истовремено да ви обезбедат едноставност и функционалност.











