Мода

Модната икона од 60-те Twiggy

Бидејќи 60 –те се една од основните тенденции во модата за оваа есен, погледнете го најдоброто од тоа време, и извлечете некоја корисна информација и идеа за вашиот есенски стил.


Еленските очи, стројната фигура, волшебната невиност, тоа е Твиги – вистинско вдахновение,  жива легенда, објавена за модна муза на сите времиња.

Ајде да го погледнеднеме нејзиниот уникатен стил:


Твиги, почитувана од сите фотографи и дизајнери, изгледа ослепително во се што ќе облече. Модниот подиум изгледа како да е создаден за неа. Само после 4 години во бизнисот, решава да прима само определени проекти за работа.

Модните гуруа го користат нејзиното име за популаризирање на екстравагантност и оригиналност.

Нејзиниот стил го копираат и ден денес. Како прв супермодел и најфотографирано лице на светот, Твиги позира за кориците на Vogue, Seventeen и Newsweek. Таа е симбол на невиност и чистота, и затоа не прифаќа да се снима во провокативна и вулгарна облека. Куклинскиот стил ја освежува модната сцена со шарените кратки здолништа и модернистичката визија. Освен минито, нејзина запазена марка се и шарените фустани украсени со панделки, копчиња и патенти. Големите сончеви очила, чантите во разни бои, веднаш придаваат истенченост на небрежната облека.


Во моментов, 60-ет годишната моделка, го има заслуженото место во медиумското пространство со различни улоги во серијали како и во жирито на America’s Next Top Model. Освен тоа продолжува да ги рекламира колекциите на Marks & Spencer.

Напиши коментар