Малата Харпер Бекам има само четири месеци, а веќе има толку многу облека што може да се натрпеварува со својата мајка Викторија.
Огромна е веројатноста дека малата Харпер секогаш ќе биде облечена во тренд, од проста причина што родители ѝ се Дејвид и Викторија Бекам. Покрај Сури Круз, ќерката на Том Круз и Кејти Холмс, Харпер е моментално најмалата модна икона.
Многумина тврдат дека родителите претеруваат во облекувањето на своите деца, но не може да се негира дека фустанчињата во кои Пош ја облекува ќерка си се неодоливи. И плус се работи за брендирана гардероба.
Инаку, Викторија никако не се дели од својата ќерка и секогаш ја води со себе.