Како што знаеме во последно време трендот во индустријата на уредување на домот оди кон осветлување на просторот. Ако претходно трендот се бореше со отфрлање на венге бојата која доста време доминираше, сега се повеќе се оди кон визуелно полесен простор, со светли тонови. Ако минатата година преминот се правеше со тортора боја, најчесто во комбинација со виолетова (комбинација која навистина прилега), оваа година „ин“ е многу од белата боја. Може да се рече дека белата боја на тој начин останува боја на просторот, на позадината, а акцентот е на предметите во боја. Едноставен метод на акцентирање со боја, со кој никогаш нема да згрешите, а се постигнуваат значајни ефекти.

Она што доаѓа како комбинација со белата во овој концепт се јаки концентрирани бои кои привлекуваат внимание и делуваат во контраст со белата. Тоа е јака тиркизна боја, зелена, заситено портокалова…Пластиката (сјајна како и транспарентната) во комбинација со сјајната бела боја (на пр. бела кујна во висок сјај со бела трпезариска маса и тиркизни пластични столчиња) постигнува софистицирано модерен ефект и чувство на чистота.

Она што се нагласува е дека многу често при осмислувањето на концептот на ентериерот се пренебрегнуваат деталите кои доаѓаат покасно. Уште во текот на градбата или реновирањето, многу луѓе трошат многу време на одбирање на вистинската боја на мебелот: почнувајќи од кујната, столиците, гарнитурата…сите тие бои треба да се усогласат и на крај да се добие задоволувачка целина. Она што често се заборава е дека не е само мебелот оној кој ја чини естетиката на ентериерот. Секогаш целосниот ефект на ентериерот се постигнува откога тој ќе стапи во функција. Дури и кога на мебелот се одбира најненеутрална боја, ефектот на обоеност може да се постигне со малите детали кои задолжително ги има во секој ентериер а никогаш не се земаат во предвид при проектирањето. Има подолу низ сликите неколку пример…во кујната секогаш имате предмети кои секојдневно ги користите, некаде во просторот сигурно има вазна за цвеќе или украси, држач за весници и списанија, ѕиден часовник, чајник кој везден стои на ринглата, мали и интересни садови за послужување кои најчесто стојат на масата во дневна кога ќе дојдат гости, сад за овошје на трпезариската маса.

Во таа смисла новиот тренд на белата боја комплетно се поклопува со оваа забелешка. Имајте светол и бел ентериер, а акцентирајте со малите работи во јаки бои. Одберете убав сад за овошје во заситена портокалова боја, дизајнирани шољи за кафе и чинии, часовник, слика, перничиња во боја, подметачи за масата, ефектен лустер. Не се оптеретувајте премногу со бојата на мебелот… направете го неутрален, а бојата нека ја носат деталите. Никогаш нема да згрешите…

Еве низ скица како би одело потенцирање на портокаловата боја низ ентериерот. Јаките бои на ногарката на масата воопшто не мора да се врзуваат со други бои во мебелот. Таа е доста ефектна и нема потреба да се претерува со колорит во останатиот дел. Напротив таа останува акцентирана ако позадината е неутрална. За сепак да има потег кој му дава боја на просторот, таа може да се појави во малите детали.

 

Потенцирање на жолтата боја низ ентериерот:

Или црвената:

Иако во почетокот обично не помислуваме на малите детали, тие се оние што му ја даваат душата и топлината на ентериерот.

 

 

Напиши коментар