Motherhood

Моменти за време и по бременоста кои никој не ви ги кажал II – дел

Доењето е најстресното нешто

Од болни брадавици до затнати жлезди и инфекции на градите, доењето е исполнето со грижи и главоболки. Воедно, сознанието дека нема да можете природно да го храните вашето дете е многу страшно. Но не очајувајте, ако не можете природно да го храните бебето, сетете се дека доењето не е единственото мерило за тоа дали сте добра мајка. Доењето трае околу една година, а воспитувањето на детето трае осумнаесет години – тоа е единственото нешто што е важно.

Да се биде на „породилно“ е потешко отколку да се оди на работа

Пред породувањето, веројатно си мислевте дека нема шанси вие да го оставите бебето во рацете на некој странец, без разлика дали се тоа јасли или жена која ќе го чува дома. Дали ќе го искористите целото отсуство или ќе се вратите на работа веднаш штом ќе се почувствувате физички способна, е сосема индивидуално, но немојте прерано да донесувате одлуки. Без разлика што мислите сега, не можете со сигурност да знаете како ќе се чувствувате кога ќе треба да тргнете на работа.

Ќе почнете да правите од болва слон

Дури и при најмалите одлуки, кога ќе треба да решите меѓу овој или оној бренд на кашички, или ова или онаа цуцла, ќе имате чувство како да решавате дали да ја пресечете црвената или сината жица при деактивирање на бомба. Ова чувство е нормално. Уморна сте, и, да бидеме реални, изборот е навистина голем. Кај поважните одлуки, како на пример како и кога да го вакцинирате бебето, ќе биде уште потешко.

Понекогаш најмалите нешта ќе ве извадат од такт

Ќе има моменти кога вашето дете ќе направи да експлодирате од лутина, и тоа од најбанални причини, на пример затоа што не заспало кога вие сте планирале и со тоа ви се пореметил целиот план за денот. И да, овие изливи на бес се сосема нормални за младата мајка.

 

Напиши коментар