← НАЗАД НА БОЗА

Морската сол против целулит и стрес

Морската сол против целулит и стрес
1358 Читања

Велат дека почетокот на животот бил во океанот, но дали навистина е така за науката е сеуште непознато. За сметка на тоа е докажано дека морските дарови, можат значително да го подобрат човечкиот живот и да решат многу проблеми како на пример да го намалат стресот и целулитот.

Едно од најважните морски богатства е солта. Таа се добива со испарување на морската вода, така да во неа се содржат сите други основни бонуси на морето. Морската сол помага при отстранување на излишната течност од ткивата и при отстранување на целулитот и тоа без да ја суши кожата. Особено корисна е солта од Мртвото море, чии води се богати со магнезиум, калциум, железо и јод.

За да ја подобрите состојбата на кожата, доволно е да си правите топла бања со додадена морска сол, барем 2 пати седмично. Процедурата е следнава:

-Напонете ја кадата со вода и притоа температурата на водата треба да изнесува 37° С или да не е повисока од таа.

-Ставете 300 гр морска сол во водата, измешајте. Опуштете се 15-20 минути лежејќи.

-Истуширајте се и завијте го телото за да ја задржи топлината.

Редовните солени бањи во комбинација со содветна масажа на проблематичните делови значително ќе го подобрат тонусот на кожата и ќе го изравнат нејзиниот релјеф. Освен тоа оваа процедура ги смирува нервите, ја намалува напрегнатоста и заморот, и го храни телото со јод.

Ако немате доволно време за оваа процедура, а сакате да се избавите од целулитот, тогаш користете ја солта периодично како пилинг. Се приготвува од чаша ситна морска сол, и една лажичка ароматизирано масло по ваш избор, а може да биде од лавандула, праска, пачули или рузмарин и на тоа додавате 2 лажички маслиново масло. Ја нанесувате по телото и масирате започнувајќи од нозете па нагоре. За време на масажата влажнете ја кожата со малку млака вода за да се активира и процесот на чистење на кожата. После тоа се нанесува антицелулитен крем на проблематичните зони за подобар ефект.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk