ШоуБиз

Му ја украле цела колекција на Марк Џејкобс!

Вчера е украдена колекцијата пролет/лето 2012 на дизајнерот Марк Џејкобс и тоа на пат од Париз за Лондон, изјавил претставникот за јавност на Џејкобс.

–  Кражбата е пријавена во полиција веднаш откако се украдени повеќето од облеката, чантите и чевлите во вредност помеѓу 46.800 и 63.000 долари, – вели портпаролот на полицијата.

Колекцијата изчезнала од колата за испорака која се наоѓала пред работилницата на Марк во Лондон. Гардеробата, чантите и чевлите, кои успеале со воз да бидат пренесени до Лондон имаат сосема мала вредност, бидејќи се само парчиња од една целосна колекција.

За Џејкобс ова е уште еден удар и тоа веднаш по забраната за рекламирање на парфемот, во која Дакота Фенинг оддава впечаток на сексуализација на деца.

Напиши коментар