Мода

Mulberry чанти хит оваа сезона

Mulberry направи огромен чекор за своето име и за продажбата кога ја ангажира Alex Chung како амбасадорка на една од најпродаваните чанти во историјата на модната индустрија. Првата милијарда  заработена е благодарение на тој ангажман, како и „прашината“ која се крена околу името кое подолго време беше во позадина на конкуренцијата.

Деновиве Mulberry го појави на пазарот новиот модел за кој отворено сметаат дека ќе го повтори продажниот успех. Без некоја посебна претходна слава, овој модел го носи називот Evelin што е во директна врска со моделот Evelin Mabetovа која ја носеше чантата на ревијата  на Mulberry. Колку ќе им се исплати таквиот тип соработка не знаеме, но само знаеме дека чантата воопшто не изгледа лошо. Напротив, таа лесно може да се прилагоди на секојдневните потреби на милиони жени…

 

Напиши коментар