Тренерот на Реал Мадрид, Хозе Мурињо го искористил престојот на Џастин Бибер во Шпанија за да го запознае со својата 17-годишна ќерка. Мурињо лично ја однел ќерка си во хотелот каде престојувал Бибер за да се запознаат.
Она на што не помислил Мурињо е како ќе реагираат бројните фанови на Бибер, кои секогаш го следат, каде и да се наоѓа. Нему воопшто не му паднало на памет дека фановите ќе помислат оти автомобилот со затемнети стакла му припаѓа на Бибер. Тие се насобрале околу автомобилот, почнале да удираат по него и му го блокирале патот.
Се тргнале дури откако сфатиле дека во автомобилот седи „само“ Мурињо со својата ќерка. По целиот настан, Мурињо можеби и се запрашал кој е „посебниот и привилегираниот“ во целата оваа приказна.
