ШоуБиз

На Бандерас не му треба секс за добар брак

Актерот Антонио Бандерас и неговата сопруга Мелани Грифит тврдат дека својата љубов не мора да ја докажуваат со тоа што постојано ќе имаат секс. Она што ја држи нивната врска свежа, дури и по 15 години, е нивното меѓусебно разбирање.

–  Врската ни е секогаш свежа. Веруваме дека не мора толку често да имаме секс, како на пример, на почетокот од бракот. Имавме голема желба привлечноста меѓу нас да се задржи на исто ниво како што беше во првите шест месеци од бракот, но тоа не е возможно. Привлечноста, едноставно, со време изчезнува. Тогаш сфаќате дека доаѓа нешто друго, – кажа Бандерас за странските медиуми.

Антонио тврди дека нема многу парови во Холивуд што успеале да ја одржат врската толку долго како нив. Тој смета дека за нивниот долг брак се најзаслужни децата: Александар, Дакота и Стела.

– Вистина е дека е тешко да се одржи брак од 15 години и тоа во Холивуд звучи неверојатно, но децата ни се најзаслужни, – признава Бандерас кој додава дека тие му се „светлост во неговиот живот“.

Напиши коментар