ШоуБиз

На Бибер му се заканува смрт!

Обожавателите на Џастин Бибер го замолиле пејачот под итно да го откаже својот концерт во Перу, откако преку интернет добил порака во која му се закануваат со смрт.

Пејачот Џастин Бибер има закажано настап на 17-ти Октомври на националниот стадион во Перу, но постои можност тој концерт да се одложи поради негова лична безбедност.

Една група на Фејсбук под назив „Убиј го Џастин Бибер на 17-ти Октомври на националниот стадион“ собрала 1.874 фанови и со тоа ги навела фановите на Бибер да се загрижат за неговата сигурност.

Обожавателите кои создале контра група „Бејбс не оди во Перу“ го советуваат својот идол да го одложи своето доаѓање во Јужна Америка. Дури покренале и онлајн петиција за да се забрани доаѓањето на Џастин во Перу. Што ќе излезе од сето тоа ќе видиме допрва.

Инаку и една добра вест за Бибер. Бекамови го поканиле него и неговата девојка на ручек за да им се заблагодарат за прекрасните подароци кои ѝ ги донеле на ќерката Харпер Севен. Нивните синови биле воодушевени што ќе ја запознаат, моментално најпозната тинејџерска ѕвезда на планетава.

И Бибер не го крие своето воодушевување од семејството Бекамови и вели дека тие се едно неверојатно сложно и среќно семејство.

Напиши коментар