ШоуБиз

На децата на Бранџелина им се забранети компјутерите!

Бред Пит им забранил на своите деца да ги користат компјутерите, бидејќи смета дека премногу време поминуваат играјќи си видео игри.

Можеби сега кога ги сокрил сите петте лаптопи што ги имале во куќата неговите деца го мразат, но со време ќе се навикнат. И на обичните компјутери им е забранет пристап. Бред се изјасни дека му дошла преку глава опседнатоста на неговите деца со новата технологија и дека сака тие повеќе време да минуваат играјќи си надвор од дома. За замена би можеле и да прочитаат некоја книга, а не само да се ѕверат во екранот на компјутерот.

Оваа драстична одлука најтешко им паднала на 10-годишниот Мадокс и на 5-годишниот Шило, но сигурно многу родители би се согласиле со оваа постапка. Некои можеби и би требало да се огледаат на него.

Напиши коментар