ШоуБиз

На факултет се учи предмет за Џеј Зи!

Стиховите на славниот рапер кои го опишуваат суровото американско секојдневие инспирирале еден универзитетски професор да воведе училишен предмет за славниот музичар.

На американскиот универзитет Џорџтаун од сега студентите ќе имаат еден малку необичен предмет кој се вика „Социологија на хип хопот: Џеј Зи“. Предметот го вовел професорот Мајк Дајсон кој смета дека е неопходно студентите да се запознаат со ликот и делото на славниот рапер.

–  Џеј Зи е икона на денешницата. Неговите песни не поттикнуваат да размислуваме за дискриминацијата, за капитализмот, за економската криза и за сопствениот идентитет во општеството и заедницата, – смета угледниот професор.

Write A Comment