Кој има пари, тој има сè. Барем така викаат повеќето. Но, овој пат Викторија Бекам навистина претерала. Да се дадат 40.000 евра за нешто такво е апсурдно.
Дејвид и Викторија Бекам потрошиле 40.000 евра на божиќни елки и украси за својот дом во Англија. Викторија ја изнајмила специјалната лондонска продавница за новогодишни украси „Fortnum and Mason“ со цел да го наместат нивниот дом во празничен дух.
Поставени биле дури шест елки, секоја висока по 3 метри и безброј украси.
– Дејвид и Викторија ги обожаваат Божиќ и затоа сакаа сè околу нив да биде посебно за нивните три синови и малата Харпер, на која ова ѝ е прв Божиќ во животот, – изјавил еден од најмените декоратери.
– Викторија бираше и го одбра само најдоброто!
