← НАЗАД НА БОЗА

На времето беа фраери, а сега чудовишта:)

На времето беа фраери, а сега чудовишта:)
1031 Читања

Актерите и пејачите кои пред десетина години беа привлечни и посакувани ширум целиот свет, денес се скоро непрепознатливи. Девојките вриштеа на нивните концерти, чекаа во редици за да ги гледаат нивните филмови, а денес можеби нема ни да ги познаат на улица.

Повеќето од нив се здебелија, им се појавија брчки и изгледа како воопшто да не воделе сметка за својот изглед. Сепак, не можеме да кажеме дека ја баталиле кариерата, тие сеуште снимаат песни и филмови.

Еве, погледнете како изгледаат некои светски познати фаци на времето кога биле фраери и денес.

Пејачот на „Guns n Roses“ Аксел Роуз (49) и натаму има моќен глас, но вишокот килограми му се стварно непотребни.

Брендан Фрејзер има само 42 години, а изгледа многу постаро.

Вал Килмер (51) беше Бетмен, но денес на него нема ни трошка од сексапилноста по која беше познат насекаде.

Сепак, најразочарувачки е изгледот на Мики Рурк (59) кој едно време важеше за холивудски срцекршач. Сепак, бројните пластични операции, боречките спортови и начинот на живот си го зедоа својот дел и сега Рурк наликува на чудовиште.

Времето ги прегази и Мел Гибсон, Џон Траволта и Винс Вон.

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk