Дестинации

Националниот парк Ераван

Во душата на Тајланд, природата определила место кое е фокус на перфектното, прецизното а сепак едноставното. Токму оваа комбинација е пресудна за оние кои „бараат спас“ од секојдневието, а се скептични на честите и познати дестинации и лежењето на плажи. Не дека и во ова место нема да може да пливате, но замислете…имате избор од седум водопади кои со својата различност прават еден ден за оваа уникатна творба на природата, да не Ви биде доволен.

После спуштањето по некој од природните текови, Вие веќе сте во природниот базен, фасцинирани од различните видови риби кои пливаат околу Вас и кои знаат да си дозволат и да Ве грицнат… Едно што ќе имате уникатно искуство, па и ќе имате „ мирна глава“…едноставно, овде цивилизацијата има „ забранет пристап“. Во лавиринтите од бамбуси, лилјани и дрвја на кои ќе ве набљудуваат „почесните жители“- мајмуните, Вие ќе најдете спокој и релаксација, а како бонус, ќе бидете наградени и со неодоливиот поглед на остатокот од паркот.

Напиши коментар