Дестинации

Националниот парк Глечер, Монтана

Преубавиот Глечер парк е лоциран во Монтана, Соединетите Американски Држави. Има голема површина, која зафаќа околу 4000  километри квадратни. Во средината на 19 век, паркот е именуван според тогаш постоечките 150 глечери, од кои денес постојат 25, а за жал постои голема веројатност за нивно стопување, односно се претпоставува дека до 2030 година тие целосно ќе исчезнат. Со повеќе од 130 езера, 2 планини и околу 700 милји пешачки патеки, популарноста на паркот се состои и во можноста за кампување. Најблискиот аеродром се наоѓа во Калиспел, Монтана, а има и редовни возни линии, но посетителите најчесто избираат возење до самиот парк. Како комплекс, содржи бунгалови и хотели. Ако преферирате релаксација а воедно и ново искуство, гарантирано Националниот парк Глечер е создаден за Вас.

Напиши коментар