← НАЗАД НА БОЗА

Најатрактивни градови за возбудлив ноќен живот 1 дел

Најатрактивни градови за возбудлив ноќен живот 1 дел
1392 Читања

Lonely Planet  е најголемиот туристички водич и дигитален медиум во светот. Меѓу другите препораки кои ги дава и со тоа ја креира целокупната глобална туристичка мапа, неодамна Lonely Planet ја објави и својата најнова листа на градовите со највозбудлив ноќен живот.  Добрата вест за нас е што два, па дури за некои и три од овие десет градови се на неколку часа од нас.

Со тоа ја имаме можноста да бидеме во жижата на светските трендови во поглед на забавата. Лошата вест е сепак таа, што едно време и Скопје важеше за интересна дестинација за ноќна забава, барем за луѓето од поширокиот регион. До моментот додека се квалификуваме повторно да влеземе во играта, подолу се дестинациите каде што можете да се журкате и истовремено да бидете во тек со светските трендови

 

Белград, Србија 


Долгите години на репресија и лошо расположение поминаа, и сега и странците го увидуваат она што луѓето од овој регион одамна го знаеле- Belgrade Rocks!  Со широк дијапазон на избор на забава, од интелектуални и уметнички настани, до суров турбо фолк распореден по сплавовите и ноќните клубови, Белград повторно заживува.

 

Монтреал, Канада


Билингвалниот Монтреал има шарм на град каде што луѓето се опуштени и релаксирани. Ова претежно се должи на големиот број на студенти и на постоењето на стариот дел од градот кој диктира боемски начин на живот.  Странците, овој град  го откриваат преку доброто пиво, одличните џез клубови, дискотеки и фестивали  но и преку можноста да по напорното излегување одат на скијање во околината на Монтреал.

 

Буенос Аирес, Аргентина


Логично е овој град да нуди основа за добра и незаборавна забава. Има единствена мешавина на Европска и Јужноамериканска култура и природна страст за танцување вродена кај неговите жители. Во него има се- од Ирски пабови до локални фолк кафеани и се разбира, инстант курсеви по танцување во некои од угостителските објекти.

 

Дубаи, ОАЕ


За оние кои можат да си го дозволат овој град, забавата која ќе ја искусат во него ќе биде доживотно искуство. Нивото на луксуз и сјај олицетворен во ентериерите и формите на забава се како од друга планета. Забавата се одвива во клубовите и дискотеките, но и во хотелите и јахтите. И сето тоа со неодоливиот мирис на мистичниот Ориент.

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk