← НАЗАД НА БОЗА

Најатрактивни градови за возбудлив ноќен живот 2 дел

Најатрактивни градови за возбудлив ноќен живот 2 дел
1578 Читања

Солун, Грција

Вториот по големина грчки град во изминатите години се профилираше како моден и стилски центар. Вродената желба на Грците за активен и интензивен живот, вклучително и ноќниот, резултираше со масовно отворање на квалитетни угостителски објекти. Солун нуди широк спектар на различни начини на забава, почнувајќи од традиционалните Бузукја места до најмодерни дискотеки со хаус музика. Не можете да не останете будни во Солун ако тоа не го сакате.

Ла Паз, Боливија


Шармот на Ла Паз лежи во пријателски настроеното локално население. Во мноштвото на места забава, лесно се наоѓа она што на посетителите им е потребно. Единствен проблем е што на надморска висина од 3000 метри, алкохолот многу полесно ја заматува свеста и побрзо делува. Решението се наоѓа на пазарот за тревки и зачини во Ла Паз, каде што утрото после, може да се набават традиционалните лекови за главоболка и мамурлак.

 

Кејп Таун, Јужна Африка


Оваа година за Кејп Таун е само загревање за лудата забава која во 2010 година ќе донесе мноштво од странци кои ќе дојдат на Светскиот Куп. Забавата започнува уште преку ден на некоја од плажите и продолжува со коктел вечери на месечина и многу танцување. За оние кои сакаат полуксузна забава, на два часа на исток, на Индискиот Океан  се наоѓа плажата во заливот Мосел, а за оние поромантичните на располагање им стојат се попознатите јужноафрикански вина.

 

Баку, Азербејџан


Како центар на Каспискиот дел од светот, Баку забрзано се трансформира од 1990 година наваму, не само економски, туку и во поглед на забавата. Мноштвото богати странци кои се таму поради нафтата и другите енергетски извори бараат и забава која напати преминува и во екстравагантна и претерана експресија на богатството.

Оукленд, Нов Зеланд


Несомнено, главен адут на ова далечно место е забавата која трае дваесет и четири часа во денот. Од малите кафулиња до големите дискотеки, овој град нуди 100% забава за секој странец кој ќе го посети

 

Тел Авив, Израел


Како и секаде на Медитеранот забавата во Израел започнува во доцните вечерни часови. Совршено уредени места за забава, привлекуваат странци кои се таму дојдени по работа или одмор, но уште повеќе, во последно време, геј популација која ја пронајде својата нова дестинација каде може да се забавува непречено цела ноќ.

 

 

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk