ШоуБиз

Најчудни холивудски парови

Сите знаеме дека Холивуд е само едно мало село во кое секој бил во врска со секого, но nа некои познати парови сосема сме заборавиле или можеби воопшто не сме знаеле дека постојат, само затоа што се едноставно неспоиви. Додека биле заедно некои воопшто не биле познати, па не ни претпоставувале дека партнерот што го оставаат е идна филмска ѕвезда. Некои од овие парови биле страсно заљубени додека биле славни, но прекинале поради честите караници предизвикани од користење дрога и алкохол, како и поради неверство.

Ова е листа од седум најнеобични парови за кои најверојатно не сте ни чуле:

Шер и Том Круз

Да, навистина биле во врска. Младиот Том Круз се впуштил во страсна врска со пејачката Шер уште во почетоците на својата кариера. За оваа врска се дозна пред неколку години кога Шер изјави: „Тој не ја спомнуваше врската, па ни јас. Сепак, го сакав, беше неверојатен“.

Бред Пит и Кристина Еплгејт

Овој пар до некаде може да се замисли. Актерот кратко бил заедно со Кристина во 1988 година, кога таа беше жената од соништата на многу мажи поради улогата на секси ќерка во серијата „Брачни води“.

Дајен Китон и Киану Ривс

Се чини дека холивудските актери се палат на постари дами. За оваа врска, Киану ја оставил 28-годишната девојка во тоа време. Парот се запознал на снимањето на филмот „Something’s Gotta Give“ во 2003 година, а врската ја започнале една година подоцна.

Мадона и Ванила Ајс

Кралицата на поп музиката и раперот Ванила Ајс биле заедно осум месеци во 1992 година, кога кариерата на Ајс била во кулминација. Раперот во една прилика изјавил: „Таа е страшно секси и има одлично тело за своите години“. Мадона тогаш имала 35 години.

Џенуар Џонс и Ештон Качер

Најверојатно ова е најубавата девојка која Ештон било кога ја имал, русата актерка која ја игра улогата на Бети во серијата „Mad Men“. Биле заедно цели 3 години, од 1998 до 2001 година. Наводно, Ештон ја оставил бидејќи сметал дека не ја бива за актерка и дека никогаш нема да се прослави.

Ферги и Џастин Тимберлејк

Тука нема ништо необично, бидејќи и двајцата се млади, згодни, сакаат иста музика и ја делат страста за играње… освен фактот што во времето на нивната романса Ферги имала 23 години, а Џастин само 16!

Кание Вест и Мери Кејт Олсен

Засега ова е само непотврден трач, но се зборува дека Кајние (34) и десет години помладата Мери Кејт биле заедно на роденденот на раперот во август, оваа година.

Напиши коментар