Имате некое мило, убаво, бесно, немирно, крзнено милениче? Не мора да е крзнено, милениче нека е, кое се шетка низ вашиот дом и остава влакна насекаде? Еве ви совет како да ви биде секогаш домот чист.
Наместо на вашите нозе, пожелно е да ги ставите во вашите раце и да почнете да чистите со гумени влечки. Да, звучи смешно, но гумата ги собира сите влакна кои ги оставиле вашите миленичиња по тепихот или перничињата.

Формирајте „топчиња“ од влакна со тоа што ќе чистите и влакната ќе ги носите во „купот топче“. Животот никогаш нема да ви биде полесен. Згора на тоа, гумени влечки може да купите од кај што посакате, плус, се и евтини.
