Кога во плакарот имате некое парче облека што не го носите бидејќи нешто не е во ред со него, имате две опции: или фрлете го или обидете се да го спасите предметот и да му дадете нов живот на тоа парче. Последново може да биде малку посложено, но воопшто не е тешко.
Дури и маицата која е премногу широка и преголема за вас може да стане симпатично girly парченце. Потребна ви е само малку имагинација, време и трпеливост. Колку е лесно да ја пренамените старата облека и да ја направите сè уште нослива, на сите ни покажа Анета од Hey! каналот во новото видео. Она што го направи со овие три парчиња облека, можете и вие, и што е најдобро, не ви треба големо знаење за шиење. Анета вдахна живот во обична голема маица, го стесни струкот на фармерките кои беа премногу широки за неа и направи еластично супер ластиче за коса од стари хеланки. Погледнете како го стори сето тоа и испробајте се во проекти како овој.
Старата облека лесно може да стане нова, па затоа пред да се ослободите од неа, обидете се да направите нешто ново и поразлично. Ако успеете – одлично, ако не, и онака сакавте да се ослободите од неа, па нека не ви биде жал. Пред да започнете со авантурите по дизајнирање, претплатете се на Hey! каналот и научете многу нови работи!