Дестинации

Најголемата пловечка Новогодишна елка

Кој вели дека само снегулките, мразулците и топлата облека се заштитно лого за Новогодишната атмосфера ? Во духот на самбата, Кариоките и 2 милиони луѓе долж Копакабана, Рио де Жанеиро Ви нуди еден поинаков дочек на Новата година, кој може да си го дозволите дури и во бикини. Шампањското е задолжително, огнометот повеќе од спектакуларен, но она што посебно ќе Ве заинтригира во овој прекрасен град е најголемата пловечка река во светот.

Всушност, во водите на езерото Лагоа , се наоѓа, повеќе кажано, уметничкото шоу, високо 85 метри, огромна пловечка елка. Убавата местоположба, атрактивната висина и обемот, дозволуваат елката да добие повеќе изданија, а ние Ви претставуваме неколку кои секако ќе Ве убедат еден ден и да ја видите одблизу.

 

Write A Comment