Убавина

Најголемите непријатели на убавата насмевка се…

Убавата насмевка е доволна за да бидете забележани. Но, за да ја имате треба да се грижите за здравјето на вашите заби пред се. Затоа треба да знаете дека најголемите непријатели на белите и убави заби се:

Шеќерот

Без разлика дали ќе го внесете во течна или во форма на храна тој ги уништува забите. Затоа се препорачува веднаш по пиењето на слатките сокови, јадење слатки и слично да ги измиете забите.

Сувото овошје

Освен тоа што се полни со шеќер, овошјето кое е суво е лепливо и може да остане на забите со часови, а тоа дефинитивно ќе ви донесе кариес.

Алкохол

Алкохолот содржи состојки кои ја сушат глеќта на забот. Тие може навистина да наштетат на убавите заби, затоа после пиење алкохол, задолжително измијте ги забите.

 

Напиши коментар