Во познатиот „Ѓаволски речник“ дефиницијата за позната личност гласи: „Личност која цело време напорно работи за да стане позната и потоа се крие од папараците“. Зарем не е така и во реалноста? Е, тоа го прават сите ѕвезди. Постојано се кријат од медиумите, а од време на време објавуваат невообичаени фотки од приватниот живот на своите профили на социјалните мрежи.
На пример, Ким Кардашијан поставила рентгенска слика од својот задник на Твитер.
Мараја Кери, пред да се породи, не бомбардираше со секакви слики од својот труднечки стомак. И нормални и ненормални.

И Џесика Симпсон првата фотографија од бременоста ја објави на Твитер и тоа за време на Ноќта на вештерките.

Дали Ештон Качер самиот си признава дека е глупав на сликава?

Хју Хефнер толку се напил што заспал на масата, а некој ја искористил таа прилика да го слика. Подоцна, самиот Плејбој магнет ја објавил својата слика на интернет.

Актерката Кејт Хадсон првата слика со синот не ја продаде на ниедно списание, туку сама лично ја постави на интернет.

