Мода

Најмодерни фризури за есен-зима 2011/2012

Повеќето трендовски фризури за есен/зима се за оние со долги коси. Ако она што го нудат светските стилисти и фризери не е по ваш вкус тогаш неуредната „боб“ фризура е вашиот алтернативен тренд. Ако сте се одлучиле за кратка коса светските фризери препорачуваат да си ги направите познатите “garconne” и “pixie” како би добиле детски андроген рок-панк изглед.

Ние денес ќе се задржиме на долгите коси, стиловите кои се погодни за рамен, кадрав и разигран стил.

Патец на средина

Трендовите и стиловите на фризури за оваа сезона само не потсетуваат колку може да биде сестран и шармантен патецот на косата. Кога тој е поставен на страна дава романтичен изглед, додека пак на средината на главата патецот ќе ве претвори во поприбрани и професионални.

Шноли на шишките

Кога не сте задоволни со новите шишки, секогаш можете да скриете со интересни шноли. Имено овој е еден од најпопуларните трендови на фризура.

Коњски реп

Цврсто стегнат или опуштен, коњското репче е совршен избор кога сакате да го истакнете својот изглед.

 

Пунџа балерина

Многу пред да нè заведе Натали Портман во улогата на Црниот лебед, пунџите кои ги носат балерините е доста популарна секоја сезона па и оваа. Деликатна и елегантна, притоа многу практична за време кога носиме капа, а сакаме при симнување на капата пак да изгледаме елегантно.

Ретро стил

Ретро стилот е еден од најпопуларните правци за фризура оваа есен. Особено „кошницата“ по која беше препознатлива Еми Вајнхаус. Оваа сезона „кошницата“ оваа сезона претрпела значајни промени и е многу поедноставена.

 

Ефектот на мокра коса

Ефектот на морска коса е во тренд, а по правило по завршувањето на топлата сезона  го промовира неусогласениот современ стил на жената. Мократа коса и драматичната шминка со јак црвен кармин е она што многу од модните стручњаци го преферираат за оваа сезона.

На страна

Косата која се тера на страна ја преставува жената како таинствена, интересна и елегантна, било да станува збор за врзана или пуштена, кратка или долга коса. Бидете малку индивидуални и одлучете која страна на вашето лице повеќе ви се допаѓа.

 

Плетенки

Ситните плетенки или увиените прамени на коса во цврст или опуштен реп е нешто по кое го памтиме детството, а оваа година плетенките станаа инспирација за модните стилисти и фризери.

 

На вас преостанува да одлучите кој стил ќе го одберете.

 

Write A Comment