Мода

Најмодерни комбинации за оваа есен! Како треба да изгледате?

Спремете се за ладните денови. Дизајнерите ја завршија својата работа, па сега на вас останува да одберете што најмногу одговара на вашиот сензибилитет.

Боите на есента.

Оваа есен се препорачуваат топлите бои, но и оние кои даваат златен сјај. Доста се застапени: жолтата, портокаловата, кафената во сите нијанси, темно црвената, па и зелената и сината.

Ова се неколку интересни предлози за тоа што е модерно оваа есен.

Комбинација од тесни панталони, кошула и палто за оние поелегантните. Широки панталони со тесна блуза или широки панталони до колена со плетен широк џемпер.

Кожната јакна е ин оваа есен.

Освен тоа што ќе ве стопли, ќе ве направи и модерни.

Чевли.

Чевлите кои се ин оваа есен се на висока потпетица со висока платформа. Врвките се неизоставен дел за модерните чевли.

Напиши коментар