Новата ѕвезда во јатото на „Викториините ангели“ е Беати Принслу (22) од Намибија. Родена е во Кејптаун, во Јужноафриканската Република, но со рдителите се преселила во Намибија кога имала две години.
Со манекенство започнала да се занимава на 15 години и тоа сосем случајно, кога во еден супермаркет jа забележал некој моден регрутер.
За куќата на „Victoria’s Secret“ била ангажирана уште во 2008 година, но дури сега е избрана за „ангел“, со што другите добија солидно засилување.
Беати се прошета рамо до рамо со најдобрите ангели по модната писта на големата годишна ревија на 29-ти Ноември во Њујорк и покажа тело на кое многумина можат да сметаат во иднина.
