Мода

Најпосле откриена пролетната колекција на Том Форд

Том Форд одлучи да ја открие својата пролетна колекција на веб страницата  Vogue.com . Сега сите љубопитни, вклучувајќи ги тука модните новинари, купувачи и заинтересирани страни конечно можат да ја видат. Иако праксата на криење од очите на јавноста заради зголемување на ексклузивитетот, Том ја започна уште од претходната колекција, сепак пролетнава колекција остана  најголема мистерија.


Не долго откако некои успеаја да ја видат во неговиот салон во Лондон, почнаа озборувањата дека Том всушност се копирал самиот себе. Поточно, неговите креации за Гучи во деведесеттите години. Сепак некои ја карактеризираат оваа колекција како безбедна игра во која оние со подлабок џеб ќе можат да си одберат по некое парче.

Write A Comment