Bridal

Најпознати веренички прстени на познатите светски диви

Погледнете какви богатства добиле познатите холивудски диви од нивните вереници!!!

Лејди Дијана – 65.000 долари (во тоа време)

Принцот Чарлс всушност и предложи брак на Лејди Ди без прстен. Тој сакаше да почека да биде направен совршен прстен за неа, но таа го натера да купат веќе направен прстен, кој до ден денес е еден од најкопираните веренички прстени во историјата.

Грејс Кели – 600,000 долари (во тоа време)

Принцот Рение III од Монако и даде Кели два веренички прстени. Првиот од вечниот бренд Картие со дијаманти и рубини. Меѓутоа, кога ги посети САД, тој сфати колку е дијаманти има во оваа земја, па порача 12 каратен дијамант за да се знае дека Грејс е принцеза. Денес овој прстен чини околу 2 милиони долари.

Жаклина Кенеди – 750,000 долари

Прстенот на Џеки Кенеди беше изработен од 2,88 каратен дијамант поставен веднаш до 2,84 каратен смарагд. Исто така на прстенот има уште дијаманти од 1,46 карати.

Кејти Холмс – 275,000 долари


Кејти Холмс доби веренички прстен со 5 каратен дијамант во овална форма, поставен на платина. Прстенот потсетува на Арт Деко или на античките прстени од минатот.

Џенифер Лопез – 2.000.000 долари.


Бен Афлек ја запроси Џенифер Лопез Лопез со прстен со 6,5 каратен розев дијамант. На светот има само 10.000 дијаманти со природна розева боја. Пејачката му го верати прстенот кога ја раскинаа свршувачката.

Викторија Бекам – 2.000.000 долари


За вереничкиот прстен на Викторија Бекам, фирмата Boodle и Dunthorne создаде ремек дело со 3 каратен дијамант во форма на круша. Велат дека ова е вториот веречнички прстен на Пош Спајс. Според шпекулациите, дејвид и подарил далеку поскромен прстен бидејќи тогаш сеуште немал многу пари.

Иванка Трамп – 2.000.000 долари


Дека Иванка е спремна на се за љубовта покажа и фактот дека таа ја смени верата и сега е евреинка, како и нејзиниот вереник Џаред Кушнер. За возврат тој и подари прекрасен прстен со дијамант од 5,22 карати во форма на коцка.

Кетрин Зета Џонс – 2.500.000 долари

Прстенот на Кетрин Зета Џонс е од брендот Фред Лејтон и на него има еден 10 каратен дијамант кој е опкружен со 28 помали камења.

Мараја Кери – 2.000.000 долари


Фирмата Јаков & Co произведе специјален прстен за познатата пејачка. Станува збор за 17 каратен дијамант опкружен со 58 розови дијаманти и два дијаманта во форма на полу-месечината.

Напиши коментар