Дестинации

NAKA ISLAND HOTEL – PHUKET, Тајланд – смарагдниот рај

Naka Island хотелот се наоѓа помеѓу воодушевувачките плажи, бујните кокосови градини, смарагдно – зеленото море и идилични пејзажи на брегот на Phuket.

Ова место го прави секој момент незаборавен.

Прекрасно распоредените вили овозможуваат спектакуларни погледи на заливот Phang Nga. Декориран во префинет тајландски ентериер, Naka Island Hotel е рај на софистицираност и возвишена удобност во примамлив амбиент.

Овој ресорт на располагање ви става богати спа третмани, релаксирачки лежалки  покрај базенот, исклучителна морска кујна, крајбрежен ресторан на и ритуали во кинеската чајна соба. За повпечатливо искуство, лежењето на плажа е исто така добра идеја.

Напиши коментар